Отказ за Сагадин, Врбица Стефанов нов тренер на МЗТ Скопје

 

По поразот од Фени Индустри во првото коло од новата сезона во домашното првенство, раководството на МЗТ Скопје му врачи отказ на Змаго Сагадин.

Неговото место ќе го завземе легендата на македонската кошарка и еден од најдобрите кошаркари кои Македонија ги имала, Врбица Стефанов. Веднаш откако Сагадин заработил отказ, раководството на тимот од Аеродром седнало на преговарачка маса и се договорило со популарниот Врба.

-Можам да потврдам дека и официјално сум тренер на МЗТ Скопје, тоа е се што можам да кажам во моментов, изјавил Врбица Стефанов за порталот „Екипа“.

До пред неколку дена Врбица Стефанов работеше со младите категории на МЗТ Скопје, но поднесе оставка на таа функција поради несериозноста и непочитувањето на младите кошаркари.

16.10.2014 - 09:23


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега