„Ветерот донесе убаво време“

 

Вечерва во Домот на културата во општина Илинден ќе се одржи поетски митинг „Ветерот донесе убаво време“, централен настан во рамки на литературната манифестација „Илинден“.

На поетскиот митинг ќе бидат промовирани најновите поетски книги од десетмина млади автори - претставници на новата движечка сила на современата македонска книжевност.

Напладне е предвидено да се одржи литературно матине за деца, каде ќе настапат 10 детски писатели.

Ќе бидат промовирани стихозбирки објавени во периодот мај 2012 - мај 2013 година, чии автори се Звонко Танески, Марта Маркоска, Винета Огненоска, Искра Донева, Мане Манушев, Славица Гаџова, Марина Мијаковска, Ѓоко Здравески, Елена Пренџова и Иван Антоновски.

На свеченоста ќе се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, а промотор на поетските книги ќе биде проф. д-р Кристина Николовска, истакнат литературатурен критичар и теоретичар.

Поетскиот митинг се одржува една година по објавувањето на Антологијата на најмладата македонска поезија и проза „Ветерот носи убаво време“ чии приредувачи се проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, а во која е поместено највредното од творештвото на младите македонски автори родени во периодот од 1980 до 1990 година. 

најчитано сега