Што ќе се случува вечерва на плоштадот Филип Втори Македонски?
Во рамки на „Скопско лето- 2014“ вечерва на скопскиот плоштад Филип Втори Македонски концерт ќе одржи Неврокопски ансамбл за народни песни и ора од Гоце Делчев, Бугарија, во соработка со ансамблот за народни игри и песни на Македонија НУ „ТАНЕЦ” и ЈУ ЦОП Универзална сала.
Неврокопскиот ансамбл за народни песни и ора, првиот ансамбл од овој тип во Бугарија, е основан во 1946 година. Своевермено бил познат под името „Јане Сандански“ кое го носел со години, а познат е и како Ансамбл од регионот Неврокоп, по старото име на градот Гоце Делчев во Бугарија.
Повеќе од половина век креативна работа, Ансамблот од Неврокоп, открива, презентира и репродуцира народни песни, народни танци и традиционални фолклорни и етнографски богатства на бугарската нација.
Ансамблот има настапувано на околу 4.000 концерти пред повеќе од 3.6 милиони гледачи, со турнеи во Полска, Унгарија, Југославија, Македонија, Русија, Латвиа, Украина, Грција, Италија, Канада, Холандија, Германија и Египет. Ансамблот има издадено 2 ЛП плочи, 1 ЦД, 1 аудио касета, и има направено многу снимки во Националното радио и телевизија на Бугарија. Досега има заработено повеќе национални и меѓународни награди како почесната титула „Репрезентативен ансамбл“ и орден „Кирил и Методиј“ – прв степен.
Во ансамблот членуваат околу четриесеттина пејачи, играорци и оркестар кој свири на традиционани инструменти како кавал, гајда, тапан и тамбура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа