Левица: Дехари живее во стан кој не го пријавил, изграден од компанија донатор на ДУИ
Од Левица оценуваат дека не престануваат скандалите за функционерите на ДУИ и компаниите блиски до нив.
„Имено, во медиумите излезе информација дека градоначалникот Фатмир Дехари живее во непријавен стан, сопственост на градежната компанија „АС Сењак“ и бизнисменот Селаудин Арифи.
Фактички, градоначалникот на Кичево живее во стан, кој е во сопственост на компанијата „АС Сењак“. Оваа контроверзна компанија е една од омилените бизнис-партнери на Дехари, па истата е во топ пет фирми кои добиле најмногу тендери од општината.
Како ова да не е доволно, токму бизнисменот Арифи е во сватовски врски со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, се истакнува во информацијата на Левица.
Од оваа партија со оценка, дека додека и Македонците и Албанците во Кичево масовно се иселуваат, очигледно компаниите на роднините на Ахмети го зголемуваат своето богатство.
„Изминатиот период, сватот на Ахмети, Селаудин Арифи, стана и доминантен сопственик на „Жито Караорман“.
Катастрофалната состојба во Кичево најдобро го отсликува неказнетото владеење на иредентистите од ДУИ. Додека Ахмети заговара дека Албанците конечно ги добиле своите права, реалноста е дека обичниот Албанец живее во беда и сиромаштија, како и обичниот Македонец. Жителите во Кичево се принудени да се лечат во болница стара над 30 години, додека фамилијата на Ахмети добива милионски тендери“, реагираат од Левицата.
Јасно е, велат од таму дека единствените кои живеат подобро од владеењето на ДУИ, се Ахмети и Груби и нивните фамилијарни компании.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа