Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид

 


СДСМ најостро го осудува чинот на остранување на спомен плочата на НОБ во Охрид, изјави на денешната прес-конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Бараме локалната власт на ДПМНЕ да излезе пред граѓаните и каже кој ќе понесе одговорност, рече Лазаревска.

„Одговорност за сите инволвирани, бидејќи уништување културно заштитено наследство е казниво дело.

Кој ќе ја сноси одговорноста и кој дозволил да се случи вакво нешто одговор треба да даде градоначалникот од ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Насилното тргање на спомен плочата од НОБ е последица на хаосот кој владее во Охрид и дозволеното самоволие.

Локалната власт на ДПМНЕ во Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков дозволуваат самоволие, урбано дивеење и уништување на споменици од НОБ.

Ова е уште една потврда, ДПМНЕ воопшто не се грижи за историското минато и антифашистичката борба туку само за бизнис интересите на поединци.

Само поради нивните бизнис интереси во ризик е културното и историското значање на Охрид.

Охриѓани очекуваат одговори од градоначалникот Пецаков кој ќе понесе одговорноста“, потенцираше Лазаревска.

14.03.2024 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега