Кирков: Угинаа две лами - што се случува во куќата на стравот - ЗОО Скопје?

 

Хоророт во Скопската Зоолошка градина ПРОДОЛЖУВА!!!

ПОГИНАА ДВЕ ЛАМИ!, пишува Стефан Кирков на социјалните мрежи. 

Почитувана јавност,

Во Куќата на стравот т.е Скопје ЗОО погинаа две Лами од редок вид, за ова од институцијата молчат како и секогаш и навистина сум згрозен од целото ова кое се случува 3 години во нашата Зоолошка градина!

Според неофицијалните информации кои ги поседувам, Ламите починале викендов а првичните резултати неофицијално е дека истите починале од туберкулоза!

Како се терапирани овие животни и дали, кој ги лекувал и дали ќе покаже патолошкиот наод и истрагата.

Подолго време укажувам и апелирам дека во Скопје ЗОО нема стручен ветеринар и дека ветеринар е човек кој дo пред година дена беше аниматор за детски родендени, не го спорам неговото образование но за познавање и искуството се сомневам, а и по се што се случи и сите се сомневаме!!!

До кога? Ќе има ли одговорност? Што е следно и дали е време да конечно престане овој хорор???

Ги охрабрувам сите новинари, институции, друштва за заштита да се позанимаваат со ова кое ни се случува во Скопската Зоолошка градина!!!, стои во објавата на Кирков на ФБ.

08.04.2025 - 12:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега