Инцидент на автопатот Кичево-Охрид: Кинески работник тешко повреден по пад од платформа

 


Работник од Кина е тешко повреден откако паднал од дрвена платформа. 

Вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, соопштија денеска од полицијата. 


 

Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.   

04.06.2025 - 16:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега