Кипарските пожарникари објавија видео од гаснењето на пожарите во Македонија

Со апсолутен успех кипарската мисија ја заврши својата задача во справувањето со шумските пожари во Република Северна Македонија, соопштија од Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар во однос на помошта испратена во нашата земја, а паралелно, на Фејсбук објавија видео од гаснењето на пожарите.

Во периодот од 7 до 14 август два авиони од типот „Air Tractor“ со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка од Кипар, во рамките на помошта од ЕУ механизмот за цивилна заштита, учествуваа во справувањето со огнената стихија на различни локации во нашата земја.

17.08.2024 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега