Киднапирани најмалку 20 студенти во Бену

Вооружени напаѓачи пред два дена киднапирале најмалку 20 студенти во нигериската држава Бену, соопшти денеска полицијата.

Киднапираните студентите по медицина и стоматологија патувале на конвенција во југоисточната нигериска држава Енуга.

Киднапирањата и барањето за откуп се чести посебно во северниот дел на Нигерија, а безбедносните сили не се во состојба да се справат со таквата појава.

17.08.2024 - 10:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега