Јакимовски: Точно е дека има албанофобија но за тоа се виновни албанските партии
Јакимовски очекува изненадувања на овие избори а решавачка улога според него во составувањето на новата Влада ќе имаат помалите политички партии.
,,СДСМ и ВМРО ДПМНЕ треба да размислуваат на кого ќе ги дадат гласовите во вториот изборен круг а не јас“, рече Јакимовски, пренесе Клан.
Како што пренесува телевизијата Јакимовски рекол дека е точно дека има албанофобија која ескалира во последните три години
Но, Јакимовски смета дека за ова виновни се партиите од албанскиот политички блок и дека е неопходно да се разговара како во иднина ќе се партиципира власта.
,, Недозволиво е да се тепаш во институции, недозволиво е да се зема мито. Имаме практики кои не биле добри и ги иритираат и Македонците и Албанците”,рекол Јакимовски.
Тој очекува поголемо учество на албанците во власта за да водат сметка за зголемување на ефикасноста во работењето на администрацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа