Деспотовски: Германската инвестиција не е на ниту една партија, туку на сите граѓани на Македонија
„Внимателно ја следам дискусијата и изјавите во јавноста поврзани со новата германска инвестиција во Македонија. Две работи за денес: прво, инвестицијата не е ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на СДСМ туку на сите граѓани на Македонија.“, вели Деспотовски, и додава:
„Второ, во однос на соопштението кое е напишано од моменталната раководна структура на СДСМ.
Не може да се бориме со “присвојување“ на вистината со тоа што ќе креираме „своја вистина“ за работи за кои целокупната јавност беше сведок пред само една година.
Водечка улога во носењето и реализацијата на оваа инвестиција има тимот на ТИРЗ кои работеа посветено и професионално, и затоа оваа нова инвестиција е инвестиција за сите граѓани на Македонија, а не на политички партии!“, изјави Деспотовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа