Чист хедонизам: Бекам ужива во ултра скапи и бизарни деликатеси додека го хранат како бебе

Дејвид Бекам на социјалните мрежи сподели видео и фотогрфии на кои ужива во ултра скап ресторан во Барселона, Шпанија. Тој дегустирал скапи но и малку бизарни деликатеси, скапа и ретка морска храна.

Неговите обожаватели се шокирани од цените во овој ресторан.

Освен видеото на кое се гледа како главниот менаџер го храни Бекам како мало дете, на својот инстаграм профил Бекам објавил и фотографии од ретки морски школки „персебес“ или патка школки. Поради нивниот необичен изглед уште се нарекуваат и прстите на Луцифер.

Овие школки се познати како најскапите школки во светот односно една чинија чини 100евра а добивате 10тина школки.


Ако се земе во предвид, дека од докуметарецот кој пред неколку месеци го објави за својот живот, фудбалот и љубовта со својата сопруга, досега заработи 72 милиони фунти, не е за чудење уживањето во скапи работи.

01.02.2024 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега