Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче
Кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова со свој коментар на социјалната мрежа X, по повод отсуството на противкандидатот Стево Пендаровски на тв-дебата на Македонската телевизија.
“Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче“, напиша таа.
Не разбирам, вели Сиљановска-Давкова, зошто мојот противкандидат (@SPendarovski) им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.
„Би сакала да го потсетам господинот Стево Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија.
Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, пишува Сиљановска-Давкова на социјалните мрежи.
Доби и одговор од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски.
„Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ“, реагира Пендаровски на социјалните мрежи
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа