Мицкоски: Ќе удриме силно по челото на корупцијата донесена од ДУИ и СДС
Имаме план, корупцијата за жал во Македонија има пандемиски размери. Во овие 6 и половина година достигна такви размери што слободно можам да кажам дека е на ниво на пандемија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во Алсат-М.
„За жал со измените на оној кривичен законик ограничен е просторот за маневар и за барање на кривично дело кое новата владата во рамките на своите истражни капацитети би можело да бара, но без да имаме резолутна борба и офанзива против криминалот и корупцијата, нешто што ние го најавуваме а тоа е формирање на антикорупциски фронт нема да можеме да се развиваме нити во ниеден друг сегмент во општеството, нити во економијата, образованието, здравството буквално во ниту еден друг сегмент ако не се удри во чело корупцијата и криминалот и да нема етничка, партиска припадност иако како што кажав во последните 6 и половина години таа е на ниво на пандемија“, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:
„Вие не можете сега малку да крадете од Македонците, па малку ќе крадеме од Албанците, па малку од Турците, малку од Србите. Или сте криминалец или не сте криминалец, јас тоа го зборувам во оваа кампања насекаде и ценам дека по мене оваа Влада на СДС и ДУИ е длабоко, длабоко во сржта криминализирана за што говорат и голем број на сведоштва на луѓе кои се жртва на таа корупција. Знаете луѓето посебно после првиот круг на 24 април се ослободуваат, доаѓаат кај мене, бараат состаноци, носат докази, кажуваат, пренесуваат сведоштва. Така што ценам дека има за што да бидат уплашени овие од власта“, дециден е Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа