„Зошто ѝ го направиле ова на една прекрасна жена“: Новите фотографии на Никол Кидман ја изненадија јавноста

 

Никол Кидман позирала традиционално за годишното холивудско издание на магазинот „Vanity Fair“.

Тука се и Идрис Елба, Пенелопе Круз, Кристен Стјуарт, Бенедикт Камбербарч, Симу Лиу, Ендру Гарфилд, а сите овие ѕвездо добиле свое место на насловната страна.

На групната фотографија Никол позирала во тесен, црвен фустан со длабоко деколте и длабок прорез, но многу повеќе внимание привлекла фотографијата на која таа позира сама, поради сите фотошоп-грешки.

Славната 54-годишна актерка на спорната фотографија е во минијатурен комплет од брендот „Miu Miu“, а покрај тоа носела и сиви чорапи и чевли на мала потпетица.

Кидман отсекогаш била исклучително витка, но публиката на интернет тврди дека таа сепак не изгледа како на фотографијата и дека нејзиното торзо е издолжено и дека ѝ се додадени стомачни мускули.

„Никол има прекрасно тело, но ова не е нејзиното тело“, „Ова е толку лош Фотошоп, жена да изгледа како лик од цртан филм“, „Таа отсекогаш била елегантна, но тука изгледа лошо, заслужува подобро“, „Што е ова, зошто? Не разбирам“, „Не вреди да се коментира количината на Фотошоп тука затоа што повеќе изгледа како анимиран лик отколку како реална жена“, се само некои од  коментарите.

Во интервју за магазин Никол зборувала за улогата на Лусли Бол во филмот „Being The Riccardos“ за која е номинирана и за Оскар.

Имено, таа до таа мера се соживеала во ликот кој го толкува што го лажела имуниот систем дека болките се реални, па само неколку дена по снимањето се разболела:

„Делови од телото често не знаат која е разликата меѓу улогите и реалниот живот. Почнав да сфаќам дека морам повеќе да се грижам за себе“, рекла Никол која се разболела и по снимањето на серијата „Big Little Lies“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Diet Prada  (@diet_prada)

18.02.2022 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега