Денес и утре сонце - од среда повторно дожд и снег

 


До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Температурата до 10 степени.

- Следува период на променливо облачно и претежно тивко време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од среда кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

02.12.2024 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега