Почнува модернизација на оризопроизводството: Поделени 57 комбајни за ориз

 


Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа потпишани 57 договори по објавениот јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.

- Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесуваа 600.000 денари. Вкупната вредност на договорите е над 34 милиони денари, соопштија од МЗШВ.

Со јавниот повик, Министерството преку мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, како што е наведено во соопштението, им излегува во пресрет на оризопроизводителите со цел да се модернизира механизацијата во земјава.

- Право на користење на овие средства имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој, се наведува во соопштението од Министерството.

02.12.2024 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега