Од полноќ нови цени на горивата

 

Регулаторната комисија за енергетика претпладнево одржува редовна седница на која треба да изврши корекција на малопродажната цена на нафтените деривати.
Цената која ќе ја соопштат денеска попладне ќе стапи на сила ноќеска на полноќ.
Последен пат регулаторот цената на горивата ја промени минатиот понеделник. Тогаш донесе одлука со која бензините поскапеа за 1 дена а дизелот за 1,5 денари по литар.
Во моментов литар бензин од 95 октани се точи за максимална цена од 77 денари додека дизелот чини 72 денари за еден литар.
Од почетокот на ноември цената на бензинот се зголемила за 1,5 денари додека на дизелот за 3,5 денари по литар.

02.12.2024 - 08:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега