Реализација на околу 1200 проекти: Собранието ја усвоена одлуката за прераспределба на средства на општините

 

-Убави вести за граѓаните на Република Македонија!

На денешната собраниска седница ја усвоивме одлуката за прераспределба на средства, со што општините ќе добијат финансиски средства од вториот повик на Владата за реализација на проекти од областа на образованието, здравството, културата и социјалата.

Преку првиот јавен повик на Владата се отпочна со реализација на 288 проекти ширум државата, за сега на вториот јавен повик бројката да се искачи на 887 проекти.

Ова практично значи реализација на приближно 1200 проекти во 80 општини и распределба на 20 милијарди денари. Овие пари се вложуваат за подобар живот и подобри услови на сите граѓани.

Докажуваме дека може да се работи домаќински, чесно, одговорно и транспарентно.

Со денешната одлука се зголемуваат средствата за:

-Министерството за социјална политика, демографија и млади – 342.264.000 денари;

-Министерството за образование и наука – 361.185.000 денари;

-Министерството за спорт – 62.416.000 денари;

-Министерството за култура и туризам – 62.000.000 денари.

Македонија се гради, Македонија се трансформира, Македонија напредува!

Имаме план и визија за успешна и просперитетна Македонија!, пишува во својата објава Стојаноски.

18.06.2025 - 18:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега