Утре ќе се прска против комарци во Скопје

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 12.09.2025 година ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16.09.2025 година  терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:

1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и  на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови. 

2.  Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. 

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

11.09.2025 - 18:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега