Пожарот кај Дрисла конечно под контрола - изгаснати се и 10 други
До 18:00 часот ставен е под контрола пожарот кај депонијата Дрисла, општина Студеничани, а изгаснати се 10 пожари на територија на цела држава, иформира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Изгаснати се пожарите во Струга, кај селата Татеши, Богојца и Маслодежда (борова шума) и во Елен Камен (ниска вегетација), во село Никуштак, општина Липково, во скопското село Булачани, општина Гази Баба, во село Страхојадица, општина Зелениково.
ЦУК соопшти дека изгаснати се пожарите и во општините Старо Нагоричане, Крушево, Делчево, Босилово и во оштина Ново Село.
11.09.2025 - 19:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа