Белорусија ослободи 52 политички затвореници
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ослободи 52 политички затвореници и ги протера од земјата по преговорите со САД.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека ослободените политички затвореници пристигнале во Литванија.
– Никој не е заборавен! Педесет и два затвореници денеска безбедно премина од Белорусија во Литванија, оставајќи зад себе бодликава жица, решетки на прозорците и постојан страв, објави Науседа на платформата Икс.
Тој додаде дека за ослободувањето на политичките затвореници заслужен е американскиот претседател Доналд Трамп.
Длабоко сум благодарен на САД и лично на претседателот Доналд Трамп за нивните континуирани напори за ослободување на политичките затвореници, посочи Науседа.
Помеѓу ослободените затвореници 14 се странски државјани од Литванија, Летонија, Полска, Германија, Франција и Велика Британија.
Ослободувањето на затворениците се случи по денешната средба на Лукашенко со специјалниот американски претставник Џон Коул.
Белорусија повеќе години е под западни санкции поради непочитување на човековите права и нејзината улога во руската инвазија врз Украина. Според групите за заштита на човековите во Белорусија има повеќе од 1.000 политички затвореници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа