Израелските воени авиони го уништиле седиштето за внатрешна безбедност на Иран

 

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека воздухопловни сили штотуку го „уништиле седиштето на внатрешната безбедност на иранскиот режим, главната рака на угнетувањето на иранскиот диктатор“.

– Како што ветивме, ќе продолжиме да ги таргетираме симболите на власта (во Иран) и да го нападнеме режимот на ајатолахот, наведе Кац.

Претходно, израелската армија соопшти дека Техеран повторно е под напад и оти се напаѓаат воени цели на подрачјето на главниот град на Иран.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека неколку проектили ги погодиле северните и источните предградија на Техеран.

Според западните медиуми, кои сè уште имаат дописници во Техеран, густ чад се издига на над источните и југоисточните квартови на градот.

18.06.2025 - 17:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега