Двајца прилепчани преку ѕидот на затворот фрлале кокаин

 

Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца прилепчани поради постоење основи на сомнение дека со возило дошле до Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и преку ѕидот, внатре во затворот, фрлиле кокаин.

-СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Д.(21) и С.Р.(23), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекузори“. Пријавените со возило дошле до Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и преку ѕидот, внатре во затворот, фрлиле кокаин, кој бил пронајден и одземен, се наведува во полицискиот билтен.

18.06.2025 - 22:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега