ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се исчисти од сопствените криминали и реформира, па потоа да прифати единство за најважните прашања за државата
СДС потребно е да се реформира и да се откаже од криминалот, а потоа да прифати се она што премиерот Мицкоски го понуди како платформа на обединување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова се принципите за обединување:
1. Правда и правна држава
2. Стоп за партизацијата на општеството
3. Крај на етничките конфликти и мегаломанските барања зад кој се кријат лукративните интереси
4. Да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните
5. Праведно општество
6. Силно образование
7. Исполнување на стратешката цел за членство во ЕУ
8. Национално и државно единство
9. Борба против иселувањето
10. Градење на заеднички патриотизам
Со лицемерна и дволична политика, со истите и стари и потрошени кадри не се гради единство. СДС да се исчисти од криминалот и да ги прифати овие принципи за заедништво“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа