(ВИДЕО) Змијанац: Не е сериозно учениците да немаат печатени учебници

 

МОН уверува, Шаќири не гарантира ништо. Се уште е неизвесно дали основците новата учебна година ќе ја почнат со печатени учебници, или пак од септември повторно мака ќе мачат со дигиталните прирачници. Од Првата детска амбасада Меѓаши алармираат дека не е сериозно, учениците да немаат печатени учебници.

И преку текот на целата година имаше пуштено во употреба учебници со грешки во содржините.

Инаку, мировното образование се институционализираше во средното образование. Наставниците сега имаат достапни Модули, како алатка, за кои се препорачува да ги користат во секојдневнието со учениците за да се превенира врсничкото насилство. Модулите не се задолжителни за имплементација, па дали ќе бидат употребувани, ќе зависи само од волјата на наставниците.

11.06.2024 - 19:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега