ВИДЕО: Почнаа преговорите за идната Влада - Мицкоски на состанок кај ВРЕДИ

 

  

Идниот мандатар, Христијан Мицкоски ги почна преговорите за формирање на идната Влада. Првата средба ја одржува со коалицијата ВРЕДИ, како што најави и веднаш по објавувањето на резултатите од изборите на 8 мај.

Пред да влезе во седиштето на Коалицијата кај плоштадот Скендер бег Мицкоски не сакаше да открие многу за преговорите.

-Прва средба, за запознавање, кратко одговори Мицкоски на новинарско прашање.

Потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски вчера во телевизиско интервју рече дека не очекува уште денес да има договор меѓу двата политички субјекти, но вели, тој е извесен доколку постојат реални очекувања и фокус на политиките во интерес на граѓаните.

-Секако, уверен сум дека нема да се дојде до заеднички јазик веднаш на првиот состанок. Ќе се претстават позициите на двете страни, ќе видиме какви ќе бидат гледиштата, но доколку имаме меѓусебна добра верба, доколку сме реални за очекувањата и доколку сме фокусирани на креирање политики во интерес на граѓаните да ја вратиме надежта во оваа безнадежна држава, безнадежноста којашто беше, јас би рекол, главен симбол на последните седум години од владеењето на СДСМ и ДУИ, тогаш ќе најдеме заеднички јазик, рече Муцунски.

11.05.2024 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега