Петрушевски: СДС се заплетка и призна дека го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени

 

СДС се заплетка и призна дека го прислушкувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

На прес-конференција кажа дека СДСМ го дале најголемиот доказ дека државен апарат бил ставен во функција за тие да опстанат подолго на власт.

-СДС најпрво тврдеше дека не прислушкувале, ниту следеле, за да сега  ја свртат приказната за 180 степени и низ глупи тези да наметнуваат наратив за содржината на материјалите. СДС призна две работи. Прво, дека го следеле и прислушкувале претседателот Мицкоски. Второ, дека иако го следеле и прислушкувале 5 години, не нашле ништо спорно ниту противзаконски, а да имало одамна ќе отвореле постапка. СДС со ова признание го даде најголемиот доказ дека целиот државен апарат бил ставен во функција на тоа тие да опстанат што подолго на власт. ЈО не смее да молчи очекуваме акција и разрешница, рече Петрушевски.

06.09.2025 - 12:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега