(ВИДЕО) Протести во Франција: Уапсени над 200 лица - палеле контејнери, направиле хаос на улиците

 

Најмалку 200 демонстранти се уапсени на денешниот протест организиран од движењето „Блокираме сè“ поради планираното намалување на буџетот.

Демонстрантите ширум Франција денеска поставија барикади, го попречуваа сообраќајот, палеа контејнери и се судрија со полицијата, која употреби солзавец.

На социјалните мрежи објавени се видео-снимки на кои се гледа како специјалната полиција интервенира против новинар кој известувал од протестот во Париз. Очевидци тврдат дека полицајците ги удираат и ги туркаат претставниците на медиумите иако тие имале јасни обележја дека се новинари.

10.09.2025 - 17:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега