Академски пленум: Само нечовек може да се смее на вчерашната полициска бруталност во Нови Сад

 

Академскиот пленум го повикува Александар Вучиќ веднаш да поднесе оставка од функцијата претседател на Република Србија поради поттикнување конфликт и полициска бруталност.

Според новото соопштение на пленумот, синоќа сите биле сведоци на инсцениран конфликт, по што полицијата употребила досега невидена брутална сила против студентите и граѓаните на Србија.

Режисер на овој настан, како и секогаш бил претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, што тој го докажа со своето појавување на синоќешната прес-конференција, каде што не можеше да ја скрие својата насмевка и среќа поради полициската бруталност и насилството извршено против граѓаните.

„Додека секој нормален граѓанин е шокиран од сцените од Нови Сад, само нечовек – очајник кој ја брани власта по секоја цена, може да се радува на нив,“ изјавија од Академскиот пленум.

Студентите ги повикуваат сите граѓани да ги внесат случаите на полициска тортура што ги доживеале во базата на податоци за насилство „Ден потоа“.

Академскиот пленум ги предупредува сите членови на Министерството за внатрешни работи дека наскоро ќе дојде моментот кога секој полицаец ќе биде одговорен за прекумерна и неиспровоцирана употреба на сила.

06.09.2025 - 09:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега