Украинскиот парламент одлучи дека територијалните отстапки не можат да бидат услов за завршување на војната
Пратениците на долниот дом на украинскиот парламент вчера усвоија резолуција, со која се исклучуваат какви било територијални отстапки за ставање крај на конфликтот во Украина.
„Законот укажува дека секакви територијални отстапки за ставање крај на конфликтот се неприфатливи“, се вели во соопштението на украинскиот парламент објавено на социјалната мрежа Телеграм.
Високиот функционер на НАТО, Стиан Јенсен, пред неколку дена тврдеше дека Украина ќе мора да се откаже од дел од територијата што моментално ја контролира Русија, доколку сака да се приклучи на НАТО и да обезбеди мир.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пак, беше внимателен во одговорите на прашањето што ќе треба да направи Украина за да стави крај на војната и рече дека оваа одлука зависи од неа.
За овие шпекулации за време на посетата на Данска се огласи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој се пошегува дека во замена за мир и влез во НАТО, може да му даде само Белгород – руски град.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа