Девет неексплодирани гранати пронајдени при ископ на тротоар во Гостивар
Вработени во „Комуналец“ во Гостивар пронашле неиспукани гранати.
Вчера околу 09.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека при ископ со работна машина багер на тротоар на ул.„Живко Брајкоски“ во Гостивар, вработени во ЈП „Комуналец“ - Гостивар пронашле девет неиспукани гранати со калибар 100 мм кои потекнуваат од Првата светска војна. Полицискипри иско службеници од ОВР Гостивар извршиле увид со стручно лице – деминер од Дирекцијата за заштита и спасување, по што гранатите биле подигнати за понатамошна постапка, информираа од полицијата.
26.11.2024 - 12:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа