Најстарата прворотка во Македонија: За прв пат стана мајка на 61 година

 

Жена на 61 година го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија пред неколку дена во Скопје. Тоа е највозрасната прворотка во Македонија.

Како што дознаваме, мајката и бебето се во општа стабилна состојба. Бебето било зачнато со ин витро.

Неофицијално таткото е пензионер. Има 65 години.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев за денеска на пладне најави повеќе детали по повод раѓањето на бебе од највозрасната мајка во државата.

 

26.11.2024 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега