Арсовска: Апсолутно не размислувам за повторна кандидатура
Актуелната градоначаланичка на Град Скопје, Данела Арсовска не планира да истрча на претстојните локални избори и од граѓаните да побара втор мандат.
-Не апсолутно не размислувам за повторна кандидатура, рече Арсовска одговарајќи на новинарско прашање.
На презентацијата на новите шест електрични автобуси кои Град Скопје ги добива од Европската унија, рече дека тоа е голем успех за Градот и доказ дека градската администрација може да сработи тогаш кога не е блокирана.
-Денеска имаме шанса да презентираме нешто што сметам дека е навистина голем успех за градот Скопје, а тоа е едновремено и доказ дека нашата градска администрација кога не е блокирана од никого навистина е способна да спроведе нешто кое што е од бенефит и за нашиот град Скопје и за целата држава Македонија. Она кое што денеска го гледате е донацијата која што ја добиваме со силната и безрезервна поддршка од страна на ЕУ и шест еко-автобуси се оние коишто ќе бидат во можност нашите граѓани да ги гледаат низ градот Скопје и да се возат со нив со надеж дека ќе ги поттикнеме сите оние останати чинители коишто во Советот на градот Скопје треба да гласаат досега да имавме уште 250 вакви автобуси ќе ги поттикнат чекорот да го направат што е можно поскоро, а ако не може и на следната седница на Советот на град Скопје, рече Арсовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа