УХМР со убави вести - следува стабилизација на времето
Времето денеска променливо облачно време со локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Денес ќе дува и засилен ветер од јужен правец особено во Пелагонија и во североисточниот дел од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.
Во наредните денови следува период на постабилно време и ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Претежно во планинските региони и од крајот на работната недела ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа