Тренчевска: Агенциите на Обединетите Нации верни поддржувачи на МТСП
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани. На средбата се разговараше за досегашната соработка на организациите на Обединетите Нации и Министерството за труд и социјална политика.
Тренчевска на средбата истакна дека Агенциите на Обединетите Нации својата поддршка ја даваат токму на клучните прашања на кои е надлежно Министерството за труд и социјална политика како што се детската заштита, семејните вредности и родовата еднаквост. Тренчевска исто така ја објасни и моменталната ситуација на територијата на државата во однос на дилемата за предлог Законот за родова еднаквост и предлог Законот за матична евиденција. Таа повторно информираше дека предлог Законот за матична евиденција е повлечен од процедура уште од март 2022 година додека Законот за родова еднаквост како што објасни министерката досега бил на 18 јавни расправи и дека процесот на консултација продолжува и понатаму.
Од страна на координаторката на ОН, Дуџак беше посочено дека Министерството за труд и социјална политика ја има целосната поддршка за унапредување на човековите права каде спаѓа и прашањето за родовата еднаквост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа