ТИРЗ: Зголемен бројот на вработени во април, зголемен и извозот

 

 

Бројот на вработени во ТИРЗ во април повторно бележи раст и достигна 16700. Тоа е за 15% повеќе од април 2022, односно 20% повеќе од 2021 година, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата. Само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 500 наши сограѓани.

Продолжува и растот на извозот кој заклучно со април достигна 1.230 милијарди евра. Само во април, компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 277 милиони евра што е за 12% споредено со април минатата година. И увозот во првите четири месеци од годинава достигна над 1 милијарда евра. 250 милиони евра увоз оствариле компаниите во ТИРЗ само во април, што е на исто рамниште со април 2022 година.

Поради ваквите економски движења продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот кој заклучно со април е 20,5%.

 

Инаку годишната анализа на ТИРЗ покажа дека компаниите во Зоните, уплатиле 35% повеќе средства во Буџетот на државата во 2022 споредено со 2021. Односно за 1 евро исплатено од државата компаниите назад во буџетот враќаат најмалку 4 евра.  Податоците во анализата направена врз база на завршните сметки од компаниите покажува и дека тие оствариле ниво на нето добивка за 10% повисоко споредено со претходната година, од кои исто така дел влегуваат во Буџетот. Корисниците на ТИРЗ регистрираат пораст на нето платата од најмалку 13% во однос на 2022, што е повисоко и од растот на нето платата во националната економија. 

07.05.2023 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега