Стефковски: Младиот Никола ја победи болеста

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја информира јавноста дека младиот Никола ја победил болеста.

Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:

„Младиот Никола ја победи болеста.

Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази.

Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото.

Ова е победа на сите хумани луѓе!

Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа!“, напиша Стефковски.

Инаку, младиот Никола Георгиев има 19 години и му беше утврден канцер за што се организираа бројни хуманитарни активности преку кои беа собрани потребните финансиски средства за негово лекување во Турција.

 

 

11.06.2024 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега