Србинка стана хит на Твитер: Објави видеа на кои се гледа како сопругот ја изневерува со вработена

„Сопругот ја изневери со вработена од нивниот сплав, а таа ги објави видеата на бизнис профил“ – коментираат со неверување твитерџиите, откако Србинка објави видеа на кои се гледаат неверствата на нејзиниот сопруг и тоа на бизнис профилот на нивниот локал.

Србинка стана хит на Твитер откако на службениот Инстаграм профил  на сплавот на нејзиниот сопруг објави повеќе видеа од безбедносната камера на кои се гледа како тој ја изневерува со вработена.

На видеата се гледа како тој ја допира за задникот вработената додека таа чисти, како се бакнуваат на шанкот, како разменуваат нежности...

Оваа Србинка докажа дека навистина не постои ништо полошо од изневерена жена, а на својот сопруг му се одмазди така што јавно го покажа неговото вистинско лице, преку видеа на кои се гледа што правел тој додека со вработената биле сами во објектот.

„Дојдете на нашиот сплав! Имаме работничка за сѐ, ако ме разбирате! А сопственикот доби дете пред 4 месеци.

Тој се вика Милош Рашиќ. Ти благодарам Наташа, што го видов неговото вистинско лице.

Знаете ли дека јас мислев дека тој е навистина добар човек. Навистина, мислев, а не сум мала... Мислев дека најмалку што му должам е сите да знаат каков е.

Слушам дека сериозните луѓе не сакаат ниту да работат со оние што ги издаваат своите најблиски“ – напиша таа на видеата.

Оваа објава стана хит на Твитер, по што следуваа голем број коментари:

„Чекајте бе, мажот ја изневерил сопругата со вработена на нивниот сплав и жената го става на Инстаграм Стори со сè фотографии од неверството од сигурносните камери и тоа на бизнис профилот. Искрено, секоја чест“;

„Работи ли оваа уште на сплавот?“;

„Мене ова ми е нешто најдолно. Како сите да имаат по 15 години“ – стои во дел од коментарите.

Откако стана хит на Твитер, сопственичката на сплавот се огласи на друго Инстаграм Стори, каде рече дека сега не знае ниту што сакала да постигне во моментот кога ги објавила видеата.

„Не можам ниту да се сетам што точно сакав да постигнам, можеби да ги понижам овде на бизнис профилот, но тоа толку ексалира што во моментов имам моќ ова да го објавам и на плоштад, но сега гледам дека не сакам да се валкам во нивната кал.

Тука сум ако ви требаат информации или простор за некоја прослава, или некој план за одмазда, затоа што изгледа ниту тоа не ми оди лошо.“

 

29.08.2023 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега