Спремајте повеќе пари: Се зголемуваат цените на горивата

 

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек 2,09 % во однос на одлуката од 5.6.2023 година.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,922 денари/кг и сега ќе изнесува 40,526 денари/кг.

Од 13.6.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 81,50 (денар/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 83,50 (денари/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 70,50 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 40,526 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 3,803 %, кај дизелот 2,996 %, кај екстра-лесното масло 2,977% и кај мазутот зголемувањето е 2,913 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,122 %.

12.06.2023 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега