Синдикалната кошница „скокна“ за речиси 50 евра

 

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, што претставува зголемување од 179,00 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328,00 денари. Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816,00 денари или 4,49 отсто, соопштуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија

Од ССМ посочуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати, вкупните трошоци во август достигнуваат 80.882,00 денари.

Во категоријата храна и пијалоци, вредноста за август е 24.064,00 денари, што е зголемување од 382,00 денари во однос на јули. Во однос на претходниот период, по укинувањето на мерките, оваа категорија бележи раст од 2.584,00 денари, односно 12,09 отсто.

Од другите категории, како што посочуваат од ССМ, трошоците за облека и обувки се намалени за 114,00 денари, за лична хигиена има намалување од 74,00 денари и за транспортот се намалена за 16,00 денари.

20.08.2025 - 13:30
Фото: 
Генерирано со вештачка интелигенција

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега