Битолчанец повреден по несреќа на каменолом во Демир Хисар
Битолчанец заработи повреда во каменолом во селото Слоештица, Демир Хисар.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил вчера околу 13:00 часот. Во ОВР Демир Хисар од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 32-годишниот Г.В.
-Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во каменолом во с.Слоештица, демирхисарско. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар, велат од МВР.
Според наши информации, работникот се пресекол на машина во делот на екстремитетите. Неговата состојба е стабилна и во моментот е на домашно лекување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа