Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јапонската префектура Мијазаки, јавува Кјодо.
Јапонските медиуми јавуваат дека е издадено предупредување за цунами.
Засега нема повеќе информации за земјотресот.
08.08.2024 - 10:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа