Шумската полиција фати голема група дрвокрадци
Во Штип се одвива голема акција на Шумската полиција против дивата сеча, објави на својот Фејсбук профил, заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.
Тој напиша дека акцијата се спроведува од раните утрински часови.
-Со акцијата лично раководеше Митко Костадиновски, началникот на Шумската полиција на Македонија. Во оваа акција учествуваа шумски полицајци од ШПС Гевгелија, ШПС Валандово, ШПС Велес и ШПС Радовиш. Во акцијата на лице место се заловени поголема група дрвокрадци, за кои се поднесени соодветни пријави, одземени се повеќе возила кои се затекнати како превезуваат незаконски посечени дрва и други средства со кои е вршена незаконската сеча, вели Михаилов.
Тој додава дека се претпоставува дека станува збор за истите луѓе кои пред извесно време направија огромни штети на боровите култури во штипско.
-Акцијата за справување со дрвокрадците ширум цела Македонија ја продолжуваме со уште посилно темпо, напиша на својот фејсбук профил, Михаилов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа