(ВИДЕО) Шумската полиција во Штип во акција: Заловени поголема група дрвокрадци, одземени возила

 


Во Штип се одвива голема акција на Шумската полиција против дивата сеча, објави на својот Фејсбук профил, заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој напиша дека акцијата се спроведува од раните утрински часови.

-Со акцијата лично раководеше Митко Костадиновски, началникот на Шумската полиција на Македонија. Во оваа акција учествуваа шумски полицајци од ШПС Гевгелија, ШПС Валандово, ШПС Велес и ШПС Радовиш. Во акцијата на лице место се заловени поголема група дрвокрадци, за кои се поднесени соодветни пријави, одземени се повеќе возила кои се затекнати како превезуваат незаконски посечени дрва и други средства со кои е вршена незаконската сеча, вели Михаилов.

Тој додава дека се претпоставува дека станува збор за истите луѓе кои пред извесно време направија огромни штети на боровите култури во штипско.

-Акцијата за справување со дрвокрадците ширум цела Македонија ја продолжуваме со уште посилно темпо, напиша на својот фејсбук профил, Михаилов.

13.03.2025 - 16:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега