Гевгелија: Не застанал на даден знак од полицијата по што удрил во службено возило и избегал
Денеска во 00.50 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ во Гевгелија, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки не застанало на даден знак од полициски службеници за запирање, продолжило со движење и удрило во службено возило „форд“ на ФРОНТЕКС - Европска агенција за гранична и крајбрежна стража, по што го напуштило местото. Набргу, возилото било пронајдено, а возачот го напуштил местото и се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за расчистување на случајот.
13.03.2025 - 16:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа