Русија донесе закон со кој ќе се помилуваат затвореници за да војуваат во Украина: „бирајте – затвор или војна“

 

Долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, усвои нацрт-закон со кој ќе се помилуваат осудените за злосторства кои ќе им се придружат на руските сили во Украина.

Предлогот потоа ќе помине низ круг на гласање во Советот на Федерацијата во Горниот дом на Русија, по што се очекува да го потпише рускиот претседател Владимир Путин.

Законот предвидува регрутирање затвореници и осомничени за криминал за да се борат во војната во Украина, практика што први ја усвоија платеничките сили на Вагнер минатата година, пред руското Министерство за одбрана да го преземе регрутирањето во затвор на почетокот на 2023 година, објави во вчера „Москва тајмс“.

Државната дума објави дека амнестиите за борбите на првите линии во Украина не важат за сите криминалци во руските затвори и не се однесуваат на акти на тероризам, сексуални престапи, шпионажа и предавство.

„За осомничените криминалци кои се согласуваат да земат оружје, властите можат да ја прекинат кривичната постапка ако им се заканува казна затвор до пет години за злосторства со умисла или до 10 години за непромислени дела. Законот вели дека кривичните дела извршени по стапувањето во сила на законот нема да биде избришано“, пишува „Москва Тајмс“.

Уште пред да биде усвоен законот, на Евгениј Пригожин, милионерот сопственик на платеничката група Вагнер, му беше дозволено да регрутира осудени криминалци како платеници, ветувајќи им помилување доколку шест месеци се борат во Украина.

 
21.06.2023 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега