Пукање ја потресе Македонија

 

Пукање го потресе Тетово, а за среќа во инцидентот кој се случил околу 21 часот и 15 минути, повредени лица нема. Било пукано од автоматско оружје на улица „111“ во населбата „Теќе"

- Било пријавено дека непознати лица кои биле со мотоцикл-скутер, од автоматска пушка пукале во куќата сопственост на М.Т. од Тетово и истите веднаш се дале во бегство. Веднаш било постапено во однос на пријавата каде било констатирано дека немало повредени лица и на самото место биле пронајдени околу 30 чаури од автоматско оружје. Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

За случајот е известен е јавен обвинител.

Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

Увид извршила екипа при СВР Тетово.

27.05.2025 - 08:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега