Проголтал 100 пакувања кокаин: Го фатиле на рентген на аеродром
Припадници на Секторот за борба против организиран криминал на грчката полиција, на меѓународниот аеродром во Атина уапсиле маж од Бразил, според грчките медиуми, кој се обидел да пренесе 100 пакувања со кокаин, што претходно ги проголтал, а вкупната тежина е околу еден килограм, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации секое од пакувањата било со тежина од околу 11 грама, а станува збор за кокаин што бил 90 отсто чист.
Мажот во Атина пристигнал авионски од Париз.
18.08.2025 - 21:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа