Домашен сладолед од јагоди – совршен десерт за освежување во летните горештини

 

Можете ли да замислите подобро освежување во топлите денови од сладоледот? Еве рецепт за вкусен сладолед од јагоди кој може да биде во замрзнувач и до два месеци, иако тешко дека ќе остане толку долго.

Состојки: 400 гр јагоди, 2 лажички сок од лимон, 600 мл шлаг крем, 300 мл полномасно млеко, 150 гр шеќер, 5 жолчки, 2 лажички екстракт од ванила.

Припрема: Исецкајте ги јагодите во блендер за да направите пире, а потоа додадете сок од лимон.

Загрејте ги шлаг кремот и млекото во тава, но внимавајте смесата да не зоврие. Посебно изматете ги шеќерот и жолчките за да добиете фина крема, па полека истурете ја во врелата мешавина од шлаг крем, млеко и жолчки.

Кога сè добро ќе се поврзе, процедете ја смесата и загрејте ја на тивок оган додека не се згусне малку. Направете тест со лажица: извадете малку од смесата, почекајте и повлечете го прстот врз неа, и ако смесата е густа доволно, на лажицата ќе остане отпечаток од прстот, т.е. вдлабнатина во кремот.

Внимавајте смесата да не зоврие и не ја загревајте премногу долго бидејќи жолчките ќе се одделат – температурата на греењето треба да биде помеѓу 80 и 85 степени.

Изладете добро и измешајте ги пирето од јагода и ванилата. Замрзнете ја смесата во апарат за сладолед или во сад во замрзнувач. Ако го направите ова во замрзнувач, извадете го сладоледот на секој час и измешајте го добро, а потоа повторно ставете го во замрзнувач, повторете го ова 4 пати. Мешањето во текот на зарзнувањето ги отстранува кристалите од мраз и ви гарантира сладолед со фина текстура.

 

Макфакс

30.06.2021 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега